Лејди Гага е уморна од објаснувањата дека меѓу неа и Бредли Купер немало ништо. Се било дел од перформансот за промоција на филмот A Star is Born, и за Оскарот.
Откако ги видовме заедно на големото платно, и бевме сведоци на настапот на сцената на Оскарите, целиот свет почна да зборува за очигледната хемија меѓу Гага и Бредли, со надеж дека двајцата актери ќе станат пар. Овие претпоставки и двајцата неколку пати ги негираа.
Во новото интервју со Опра Винфри за декемвриското издание на списанието „Ел“, пејачката го кажа последниот збор за перформансот на песната Shallow со Купер и за гласините за нивната врска.
-Искрено, мислам дека печатот беше многу глупав околу ова, – рече пејачката – мислам, ние секако дека создадовме љубовна приказна, како глумци сакавме луѓето да веруваат дека сме за вљубени. Сакавме луѓето да ја доживеат таа љубов видена на филмот дури и за време на Оскарите. На тоа работевме напорно, со денови. Организиравме сè, беше подготвено како настап “.
Не е прв пат Гага да ги негира озборувања за нејзината наводна врска со Купер.
Непосредно по Оскарите, Бредли и Ирина се разделија, а се сметаше дека тоа е поради Лејди Гага.
Но, пејачката коментираше:
„Социјалните медиуми се тоалет и она што го прават за поп културата е едноставно застрашувачко. Да, луѓето виделе љубов, но погодете што? Ова е токму она што сакавме да го видат “.