Лејди Гага се враќа на големото платно, ќе ја глуми „црната вдовица“ во филмот посветен на Гучи

Лејди Гага се враќа на големото платно, и овој пат ќе игра прилично различен лик од вообичаените.

Една година по премиерата на филмот „A Star Is Born“, 33-годишната пејачка и актерка прифати улога за нов филм. Филмот го третира светот на гламурот во Италија во 90-те години, и убиството на еден од членовите на семејството Гучи.

Гага ќе биде во центарот на прикзаната за убиството, интерпретирајќи ја Патрициа Реџијани, поранешната сопруга на Маурицио Гучи, внукот на основачот на модната марка Гучи, Гучо Гучи. Реџијани, инаку, во Италија беше позната како „црна вдовица“, помина 18 години во затвор, а на слобода е од пред три години.

Едвај го чекаме филмот во киносалите.

x

Check Also

Версаче со ретро кампања и Хелена Кристенсен за празничната сезона

Супермоделот од 90-те години, Хелена Кристенсен заедно со мултимедијалната артистка Сара Бејкер ...