Летното време бара лесни ткаенини, како што е ленот, а Зара во својата нова летна колекција ни нуди многу пријатни материјали за сезоната на топли денови.
Главната улога во новиот тренд-водич ја толкува моделката Ники Мекгваер. Модното снимање е на отворено и сончево поднебје, крај плажа. Русокосата убавица ги покажува фустаните украсени со чипка, главно во бела боја, а модерни се и панталоните дизајнирани од текстил за постелнина.
Во палетата на бои доминираат нијансите на бела, слонова коска, беж, нијанса на овесна каша, кафена и класична црна.
Поголем дел од моделите се со А-линија.
Во продолжение погледнете дел од колекцијата.