Леонардо Ди Каприо го прослави роденденот, немало средба на Џенифер Анистон и Бред Пит

Холивудскиот глумец Леонардо Ди Каприо во неделата го прослави својот 44ти роденден во присуство на бројни гости од А листата на Холивуд.

Фановите на Џенифер Анистон и Бред Пит однапред се радуваа на роденденот на Каприо, како можност на овој настан повторно да се сретнат Анистон и Пит. И „жолтите“ медиуми не престанаа да пишуваат што било и како било на роденденот, смислувајќи различни ситуации меѓу кои и онаа дека Анистон се расплакала и избегала од ресторанот кога го видела Бред Пит.

За разлика од очекувањата на фановите на глумицата, дека таа ќе дојде во секси издание на роденденот на Каприо за повторно да го заведе поранешниот сопруг, глумицата се појавила во сиви фармерки, црн блејзер и кратки чизми со високи потпетици.

На роденденот на Леонардо ди Каприо присуствувале околу 500 гости, меѓу кои и Гвинет Палтроу, Роберт де Ниро, Џеј Зи, Рита Ора, Бијонсе, Опра и други.

А драмтична средба меѓу Пит и Анистон немало, зашто Пит и воопшто не присуствувал на роденденот.

x

Check Also

Шоуто на Викторија сикрет со најлоша гледаност до сега

Шоуто на Викторија сикрет кое се емитуваше на NBC каналот, има најлоша гледаност ...