Икона на стилот: Леонор Фини

Една од најфотографираните личности на 20.век, која никогаш не им робуваше на предрасудите.

leonor 7

Поради непристојно однесување како девојче е исфрлена од три училишта, но знаела дека ќе стане уметница. Сакала да црта и слика, па така ја убедила мајка си да и дозволи да студира уметност. На 17 години заминува на студии во Милано, се вљубува во италијанскиот принц Лоренцо и наскоро му се придружува во Париз. Но љубовната приказна не завршува среќно, Леонор остананува во Париз и бргу влегува во парискиот круг на уметници со неверојатен талент да создава пријателства, убава и пријатна, паметна и топла, станала неизбежен гостин на забавите и приватните изложби на парискиот круг.

leonor 4

Се дружела со Елијар, Пикасо, Ернст, Картие, Бресон и Дали. Пол Елијар и напиша песна, Жан Жене пишуваше инспириран од нејзиниот „совршен цртеж“, Жан Кокто ја нарекуваше „божествена хероина“. Беше една од најфотографираните личности на 20 век, кралица на парискиот боемски живот со исклучителен животен стил, а и покрај тоа денес им е позната само на мал круг љубители на уметноста.

leonor 8

Првата изложба ја одржала во галеријата што ја водел Кристијан Диор, пред да се преориентира кон модата. Оттогаш кариерата оди по нагорна линија. Макс Ернст, со кого била во љубовна врска, ја запознал со Андре Бретон и другите надреалисти. Поради несогласувања со Бретон, кој бил познат и како женомразец, таа не станала член на неговата група, но учествувала на неговите изложби. Нејзините две слики во 1936 година се прикажани на изложбата на надреалистите во Лондон (1936) и веднаш предизвикале скандал.

leonor 5

Никогаш не им робувала на предрасудите, па во 1942 насликала гол маж, кој воедно е и првиот таков акт насликан од женска рака. И во реалниот живот Леонор ги преминувала границите.

leonor 1

Сама зборувала дека речиси никогаш не живеела само со една личност и дека повеќе сакала некој вид комуна: дом полн со мачки, кои биле нејзина опсесија, најчесто во друштво со своите пријатели, еден маж што и бил повеќе љубовник и втор што и бил повеќе пријател. Така живеела Леонор. Создавала уметност, но и самата била уметност. Се облекувала необично, со подигната или со распуштена коса. Знаела да привлече внимание каде и да се појави, па дури и така што косата ќе ја обоела во сино, зелено, златно или така што на некоја забава ќе се појавела облечена само во бели пердуви и чизми.

leonor 2

Самата велела дека отсекогаш го живеела и го создавала сопствениот театар. По војната во Париз била мода да се прават маскенбали, на кои Леонор Фини била во свој елемент. Секое нејзино појавување на маскенбал во неповторлив костум задолжително било фотографирано и за списанијата и за насловните страници. Но пред сè Фини себеси се гледала како уметница. Сликала сништа и надреалистички светови, тврдејќи дека сништата се главен извор на нејзината инспирација. Како и во уметноста, Леонор Фини останува икона на стилот како надреална појава која го обележува едно време.

С.С

x

Check Also

Розовото палто на Џеки Кенеди

Ни 50 години по смртта на американскиот претседател Џон Кенеди приказните не ...