Лесен летен ручек кој го забрзува метаболизмот

Летото е вистинско време за дегустирање на специјалитети од зеленчук. Не само што се нискокалорични и здрави, а превкусни, туку се и одлични сојузници на секоја диета.

 

 Зошто диетата да ви биде здодевна кога би можеле да си поиграте со вашето мени додавајќи лесни, нискокалорични оброци кои содржат многу зеленчук. Ако ви е преку глава од класичните салати (па дури и оброци) приготвени од варен зеленчук, пробајте го овој специјалитет кој е добар сојузник на секоја диетална и здрава исхрана.

Потребни ви се – 3 краставици, 2 модри патлиџани, 2 пиперки, 2 главици кромид, 3 големи домати, 4 лажици маслиново масло, 1 лажица сушена мајчина душичка (или едно гранче), 2 чешниња лук, сол, црн пипер, морско оревче.

Подготовка

Измиената краставица исечете ја на кругови со дебелина од 1 сантиметар. Излупете го модриот патлиџан (оставајќи ја секоја втора лента неизлупена), исечкајте го на коцки. Измиената пиперка исечете ја на четвртини и извадете ги семките. И излупениот кромид исечкајте го на кругови. Доматот излупете го и исечкајте го на ситни коцки.

Маслото загрејте го во тенџере. Потоа, додадете го зеленчукот, промешајте и динстајте 3 минути. Посолете, додадете мелен црн пипер, морско оревче, мајчина душичка и лук.

Покријте го тенџерето со капак и динстајте на тивок оган 40 минути. Извадете ги чешнињата лук и послужете го топол специјалитетот со зеленчук.

Доколку не сте на диета, послужете го телешки шницли.

Одлично се „бакнува“ со чаша квалитетно црвено вино.

x

Check Also

Есенски колач со сезонско овошје готов за половина час

Ние овој колач го подготвивме со вишни, но може да употребите праски, ...