Лесни чекори за добро здравје во зимскиот период – Вклучете повеќе зеленчук, а за десерт земете свежо овошје

Храната е животно неопходна за секој организам, но не смее да се заборави дека таа може да биде и отров. Правилниот извор на хранливи производи, нивната здрава подготовка и вештина на комбинирање се гаранција за добро здравје.

Иако ви се чини дека преминувањето во здрава исхрана е тешко и скапо, тоа не е точно бидејќи потребни се само неколку едноставни чекори со кои храната може да биде здрав и вкусна, а не е потребно да ги менувате ниту индивидуалните техники на готвење.

Почнете со користење помалку масло, односно пробајте да готвите со вода или бујон. Ако сакате да имаат шницлите кафеава коричка, запечете ги во тавче подмачкано со масло, па потоа додајте им малку вода и бујон, кој ќе ги направи сочни и вкусни.

Избегнувајте го црвеното месо и заменете го со мисиркино. Тоа е помалку калорично, поздраво и многу вкусно.

Преработената храна е позната по содржината на висок процент масти, шеќери, натриум и многу конзерванси. Во рецептите вклучете повеќе зеленчук, а за десерт земете свежо овошје. Изберете сезонско овошје, затоа што е поевтино. Не плашете се да експериментирате и гответе нови рецепти што ќе ви дадат можност да приготвите здрави оброци.

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Ваквото време влијае на ширењето на вирусите, а вирусите се лекуваат само со силни антиоксиданси!

Продолжува периодот на страшно променливо време, на невообичаено топли денови, а пред ...