Лесно се копира новиот моден изглед на Емили Ратајковски

Летните температури може да бидат исцрпувачки, некогаш е претопло и за да се облечат кратки панталончиња… А Емили Ратајковски го искористува жешкиот асфалт за да покаже стил кој инспирира. А и лесно се копира.

 

На њујоршките улици манекенката е фотографирана во друштво на пријателката. Облечена е во предимензионирана бела кошула со интересен ремен. Од модните додатоци тука е малата чантичка и обетките, а изгледот е заокружен со бели патики.

Може да претпоставиме дека кошулата е од нејзината нова колекција која неодамна ја рекламираше на социјалните мрежи, под сопствениот бренд Инамората. Но, за да го имитираме овој моден изглед може да искористиме било која широка и долга кошула, а може и да ја позајмиме од партнерот.

Прашање е само дали имаме или немаме смелост за ваков моден изглед.

 

x

Check Also

Улична мода од Модната недела во Токио (ФОТОГАЛЕРИЈА)

За време на Модната недела во Токио, уличниот стил никогаш не разочарува! ...