Летен десерт: Направете италијанско Забајоне

Забајоне е една од најпопуларните слатки од италијанската кујна.

Овој десерт може да го направите на брз и лесен начин, користејќи само неколку состојки.

Еве како го прават Италијанците:

Од намирници потребно е – 6 жолчки од јајца, 50 грама шеќер, 1 ванилин шеќер, 150 мл Малвазија, ликер од вишни.

Подготовка

Во мал лонец измешајте ги убаво заедно жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер додека не направите пена, а потоа полека додадете ја  Малвазијата и ликерот од вишни. На мала температура верете со мешање додека смесата не згусне.

Веднаш потоа претурете ја во чашки (за пудинг) и послужете. Може да ја украсите со јаготки или со рендана чоколада и да додадете бисквит.

za 2

x

Check Also

Три неодоливи рецепти со тиква совршени за студените денови, но и за празничната трпеза

Совршена за студените денови – со тиква може да ги подготвиме нашите ...