Летен рај на Миконос

Како еден од најубавите грчки хотели на Миконос, хотелот Scorpios претставува олицетврорение на елеганцијата и шикот.

Имотот на кој се наоѓа овој хотел ги буди сеќавањата за грчката харизма од 60-те години на минатиот век. Опколен со природа која релаксира, на ова место гостите можат да уживаат во виното, вечерите и преубавите медитерански заоѓања на сонцето.

Спектакуларното опкружување се наоѓа меѓу плажите на Парга и Кавос, на едно од најубавите локации за одмор во светот.

Гостите уживаат во рустикалниот шик простор, како и ентериерот, така и екстериерот претставува природен рај, додека конструкциите од камен од околината емитуваат мирна атмосфера и ладовинка.

Од заносен и ексцентричен дизајн кој ги покажува природните материјали до конвенционални грчки предмети – ваквата комбинација создава префинет изглед. Пред самиот хотел пак, се простира електрично-синото море и пејсажите кои маѓепсуваат.

x

Check Also

СПЕКТАКУЛАРНА ПРОСЛАВА ЗА 10 ГОДИНИ АКВА ПАРК ПРОБИШТИП

Ова лето, Аква Парк Пробиштип ќе го одбележи својот јубилеј – 10 ...