Летен ручек: Печени компири полнети со свежа салата

Едноставно јадење кое лесно се подготвува, а на кое секогаш со задоволство одново му се враќаме во текот на жешките денови.

Намирници – 4 домати, 2 краставици, 2 црвени пиперки, 1 кромид (црвен), 1 китка босилек, 200 грама кисела павлака, зелена салата, 1 лажица лимонов сок, сол, црн пипер, 8 компири, малку маслиново масло.

 Подготовка

Компирите измијте ги убаво и ставете ги во рерна на 200 степени да се печат околу 1 час. Кога се готови, исечете им 1 сантиметар од горната кора и внимателно издлабете ги. Делот од компирот кој сте го извадиле со длабењето, помешајте го со киселата павлака и зачинете го со сол и црн пипер.

Доматите, краставиците, пиперките и кромидот исечкајте ги на ситни коцкички и сите убаво помешајте ги во посебен сад. Зелената салата и свежите листови босилек исечкајте ги на ленти. Салатата, босилекот и половина количина од зеленчукот додајте ги во смесата од комипр и павлака. Уште еднаш убаво измешајте. Наполнете ги компирите со оваа смеса, наросете врз нив маслиново масло и послужете ги со останатиот дел од зеленчукот во чинија.

x

Check Also

Превкусни медитерански лепчиња

Брз рецепт за (не)домаќинки. Ги обожаваме зашто се приготвуваат брзо, се јадат ...