ЛЕТЕН ТРЕНД |PREMIUM сезонско изненадување

Изборот со кој костим за капење ќе се подновите ова лето можете да го направите од најновиот бренд PREMIUM. Таму веднаш ќе ве освојат дезените, кроевите и квалитетните материјали, а ќе чувствувате волшебна удобност и светски изглед со секој од моделите. Сезонското изненадување со фантастични -30% попуст на целата понуда костими за капење за жени и мажи, ќе ве дочека уште на влезната врата во нивниот продажен салон во ГТЦ на приземје.

Ви издвојуваме три PREMIUM костими за капење кои жените ќе ги обожуваат и три модели со кои мажите ќе бидат ин ова лето.

ЛЕТЕН ТРЕНД бр. 1 | Коралнa оаза

Жените кои сакаат трендовски бои, мора да го имаат костимот за капење во корал боја. Едноставниот крој на едноделниот PREMIUM модел е збогатен со детали од испреплетени врвки на страничниот дел. Ако го искомбинирате со шешир и модни додатоци како алки и ланчиња во впечатливи форми, ќе имате супер тренди изглед. Комплементарна верзија за мажите е онаа каде суптилно се провлекува корал бојата во принтот со летни палма мотиви.

Летен тренд бр. 2 | Тропска егзотика

За сите жени кои сакаат софистицираност и елеганција, преку впечатливи кроеви и бои, зелено-тиркизните нијанси се совршени за тропска егзотика на плажа. Едноделниот костим за капење од PREMIUM е спој на сексипил и безвременска класика со префинета тиркизна боја. Додадете и нежни модни аксесоари како алки или обетки за перфекција во стајлингот. Мажите можат да се одлучат за принт со листови во зелени тонови кои изобилуваат со свежина и тропска заводливост.

Летен тренд бр. 3 | Црвена страст

Како и да ја искомбинирате црвената боја, вие сте одбрале страст за летните денови. Предлогот од PREMIUM кој го издвоивме има ретро стил, декорации од точкести принотви и несекојдневна интересна форма. Ако го носите со кошула која е широка и заврзана на струкот, а притоа додадете марама на косата, вие сте заводлива ретро девојка и жена која знае што сака. Мажите доволно е да се одлучат за еднобоен шорц кој ќе ја пренесе пораката на мажествен и урбан стил во летните денови.

Изборот е ваш, а во PREMIUM можете уште веднаш да шопингувате со сезонскиот попуст од -30%.

 

 

 

x

Check Also

Поглед на првите есенски модни парчиња од Stradivarius

Рок-шик, вака накусо би се опишале модните парчиња кои ни ги носи Stradivarius ...