ЛЕТЕН ТРЕНД | Три вида костими за капење кои треба да ги имате!

Се подготвувате за претстојниот одмор? Ви требаат идеи за совршен избор на костими за капење? Ги издвојуваме трите доминантни трендови за оваа сезона во кои ќе бидете забележани и ќе се чувстувате одлично! Пореовладуваат три различни правци во кои можете да го одберете моделот кој најдобро ви прилега и ги истакнува вашите предности.

Сирена во бело – одберете бела боја за костим за капење, но со внимателно дефинирани линии во кројот. Може да бирате меѓу едноделни модели или бикини, но да имаат впечатливи детали, како геометриски форми, јасни изрази во кројот или едноставно да изберете само бела боја во било кој модел кој одговара на вашите облини. Тоа ќе даде силна порака дека сте девојка и жена која знае што сака.

Во продавниците на Sara Fashion и онлајн на www.sarafashion.mk
Горен дел:
850 ден.
Долен дел:
490 ден.

Во продавниците на Sara Fashion и онлајн на www.sarafashion.mk
Едноделен: 1.290 ден.

Тропска романтичарка – за девојките и жените кои ја сакаат романтичната љубов на песочните плажи, предложуваме принт костими за капење чиј дизајни се помешани со тропски мотиви како што се цветови и палми или пак еднобојни костими за капење во јаки бои како црвена, портокалова, сина или жолта збогатени со карнери. Додадете и марама со тропски детали и сте летна романтичарка која ќе освојува погледи на плажа.

Во продавниците на Penti
Горен дел:
1.790 ден.
Долен дел:
1.390 ден.
Едноделен:
2.580 ден.

Впечатлва дива – едноставно сакате да сте уникатни и единствени. Две опции се достапни. Првата е да одберете текст – костими за капење. Тие се еднобојни и најчесто се со одредена фраза која ја дефинира вашата личност и карактер. Доколку сакате да ги преводите трендовите на плажа, втората опција е да одберете хромо-металик материјали, со кои ќе бидете ултра тренди во бојата која е впечатлива и дефинитивно најзабележителна. Овие модели на костими за капење можете да ги комбинирате со шорц или здолниште за вечерните излегувања.

Во продавниците на Red Star
Шешир: 190 ден.
Торба: 350 ден.
Едноделен: 890 ден.

Во продавниците на Sara Fashion и онлајн на www.sarafashion.mk
Едноделен: 1.250 ден.

Кој избор од моделите на костими за капење и да го одберете – додадете насмевка и позитивна енергија за да може да имате комплетен аутфит за ова лето.

 

x

Check Also

Отворање на нови продавници Parfois во Тетово и Битола

Вашиот омилен протугалски бренд за асесоари Parfois – поблиску до вас! Сега, со ...