Летна колекција на костими за капење од H&M

Андреја Џакону, Анок Јеи, Џеси Ли и Џил Кортлев се главни лица (и тела) во новата кампања на H&M Swimwear 2019.

Разиграни под сонцето, четирите убавици позираат во новите костими за капење од популарната шведска модна марка. Акцентот е на едноделните костими во металик нијанси, на портокаловите тонови, на бикините со висок струк и едноделните костими со ремен на струкот.
Освен костими за капење, колекцијата содржи и модни парчиња со богат принт дизајнирани за на плажа. 

x

Check Also

Утревечер светска премиера на „Врба“ на Манчевски на Филмскиот фестивал во Рим

Светската премиера на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде утревечер на ...