Летна колекција на костими за капење од Women’secret: WE LOVE SUMMER

Ова лето Women’secret има неколку различни линии во колекцијата костими за капење со избор за сечии преференци и потреби.

ТРОПСКИ ТРЕНД
Тропските принтови уште еднаш се во центарот на сезоната, особено во оваа колекција. Women’secret нуди модели со цветни принтови во јарки бои, одлични за свеж, забавен изглед. Специјалните парчиња вклучуваат атрактивни модели со V отвор.

АРИЗОНА

Бохо стил со етно и трајбл принтови кои комбинираат геометриски линии со весели, летни бои. Костимите се разиграни со карнери и бисерни детали за неформален изглед совршен за најтоплите денови.

МОРНАРСКА КОЛЕКЦИЈА

Морнарската колекција е пософистицирана од кога и да е. Очекувано, доминираат ригите кои се повторно во тренд. Особено интересни се костимите со две лица со ефект на водени бои. Моделите во новата колекција имаат и акрилни додатоци за уникатен изглед.

ЕКСПЛОЗИЈА НА БОИ

Најмодерните, артистични парчиња за сезоната. Разиграни принтови во боја, исполнети со креативност , геометриски принтови и графити. Комбинацијата на портокалова, жолта, розова и сина ú дава на оваа линија посебен ефект, вистинска интерпретација на помалку е повеќе. Брендот и тука нуди модели за храбар, атрактивен изглед.

АФРИКАНО

Афро миксот е вистински must-have ова лето, еден од најбараните принтови во моментов. Women’secret дизајнира парчиња со топли бои, трајбл детали и принтови кои се клучни во овој африкански инспириран тренд за див, автентичен стил.

Трендот на употреба на школки како детали се враќа сезонава благодарение на својот шарм, за летен, стилски хајлајт на секој изглед. Колекцијата ја заокружуваат монохроматски парчиња кои прилегаат на сечиј вкус.

МИНИФЛОР

Жешките денови доаѓаат, а костимите за капење и летните модни додатоци се неизбежен дел од сечија гардероба. Women’secret презентира уште една колекција полна со цветни принтови во зелена, сина, црвена и жолта боја. Костимите за капење, иако со различни принтови, може да се комбинираат на повеќе начини за женствен изглед. Додатоците за плажа се исто така важни за комплетирање на целосниот изглед. Тука се фустаните и здолништата на преклоп со карнери и цветни мотиви за разиграни летни денови.

 

 

 

 

 

 

x

Check Also

Северина во Струмица го најави есенскиот тренд на силна црвена нијанса

За настапот во Струмица, популарната хрватска пејачка Северина се фотографираше во романтична ...