Популарната модна марка Томи Хилфигер се здружи со прочуените Warner Bros за изработка на тексас-летната колекција.
Резултат? Производи за широка потрошувачка дизајнирани според инспирацијата од поп-културата и модениот стил, а тука се и иконските ликови на „Looney Tunes“ кои ги красат моделите. Облека, како и обувки, доаѓаат во различни модели за возрасни и за деца.
Дуксери, шорцеви, капчиња, облека за лежерни излегувања, спорт или за дома, комбинезони, сандали, патики…, а накитот во ограничено издание доаѓа во форма на нерѓосувачки челик и позлатени ѓердани, нараквици и часовници.
Во кампањата фотографирана од Рики Алварез се појавуваат моделката Кристина Надин и музичарот Каиланд Морис. Колекцијата ќе биде во продажба од 24 јуни, а на Интернет продажба веќе е пуштена од 20 јуни.
Дел од колекцијата погледнете во продолжение.