Летната колекција на & OTHER STORIES се надополнува со француски фустанчиња

Модната марка & OTHER STORIES редовно ја освежува летната колекција со нови линии, а овојпат ни нуди фустанчиња во француски стил, инспирирани од стилот на 60.те и 90.те години. 
Новиот тренди водич е пред нас, а во него доминираат таканаречените „париски фустани“ карактеристични по додатоците – чипка, ситен цветен принт, карнери на ракавите и модели на преклоп. Тука се често и паф ракавите, а должината на фустанчињата е најчесто мини. 
Од палетата на бои доминираа нежните нијанси, како белата и розовата, кои дозволуваат различни комбинации на сандали, вклучувајќи и патики.
Во продолжение погледнете некои од новите модели. 
 

x

Check Also

Нов тренд водич на MANGO: ACE YOUR GAME 2021 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Манго го следи атлетскиот тренд со неодамнешниот моден водич наречен: Ace Your ...