Летни фризури според хороскопските знаци

Хороскопот ви открива која фризура најмногу прилега на вашиот карактер за летната сезона.

kosa oven

Овен – коса собрана во пунџа

Едноставна фризура која не бара премногу нега и не одзема време за местење со тоа одговара на вашиот динамичен темперамент. Може да биде залижана коса собрана во пунџа која ќе овозможи да изгледате класично на работа, но и подготвени за спорт или вечрно излегување.

Бик – кратко и слатко

Немојте да дозволите косата да ви го сокрие убавото лице. Ако некој хороскопски знак знае најдобро да ја носи кусата фризура, тоа сте вие па зошто ова лето да не ја скратите косата.

kosa 1 Близнаци – ексцентрична боја

Признајте, отсекогаш сте сакале да знаете како би изгледале доколку сте русокоса, бринета, црвенокоса или со темно црна коса, во зависност од тоа каква боја моментално ви е косата. Зошто ова лето да не отидете чекор подалеку и да се одлучите за нестандардна боја (модро сина или розова). Ако сте подготвени за ваков моден момент, сепак употребете колор шампон наместо трајна боја, зашто со крајот на летото и волјата за нов експеримент ќе се промени.

kosa 5 Рак – кадри

Со превртлив карактер, на Раковите оваа сезона најдобро би им стоела кадрава коса. Модерни се „незадолжителните“ кадри, односно превитканите прамени без некој посебен ред, па можете да го пробате трендот. Кадрите ќе изгледаат свежо на вашето лице, кое најчесто е заоблено.

Лав – високо опавче

Лавовите се природно лидери, енергични и затоа најдобро им прилега коса која нема да ги спречува во акцијата. Совршено варијанта е високото опавче зашто косата е собрана, но вашата бујна „грива“ и понатаму има можност да се виори. Ако сакате волумен може косата да ја натапирате па потоа да ја соберете во опавче.

Девица – класично опавче

Девиците како познати перфекционисти сакаат средена шминка, но и коса. Со оглед на тоа што и не сакаат многу да експериментираат, најдобра варијанта е косата да ја соберат во уредно класично опавче. Без разлика дали опавчето е долго или кратко оваа фризура е едноставна за одржување.

Вага – совршени летни бранови

Во постојана потрага по хармонија, стабилност и рамнотежа, Вагите сакаат да изгледаат гламурно. Долгата коса и женствените, романтични фризури се совршени за жената Вага, а за да го постигнете тој изглед можете пред спиење да ја заврзете косата во плетенка, за следниот ден да личи на разбранувано море.

kosa 4

Скорпија – долги шишки

Заводливи и интригантни жените Скорпија сакаат да привлекуваат внимание. Познат е нивниот длабок поглед, па зошто тогаш акцентот да не се стави токму на него. Тоа ќе се постигне доколку фризурата добие долги шишки. А кога ќе ви здодеат, лесно можете да ги залижете на страна.

Стрелец – природна убавина на косата

Ведрите и искрени Стрелци со слободен дух не можат да трпат комплицирани фризури. Тоа едноставно не е во нивната природа. Затоа им препорачуваме да ја негуваат својата природна убавина на косата, да се вратат на природната боја на косата и да ја истакнат нејзината природна форма. Значи ако веќе имаате кадрава коса,  нагласете ги кадрите, а ако имаат рамна коса – направете ја уште порамна. Сеедно дали е куса или долга, важно е добро да се чувтвувате со неа.

Јарец – долга и негувана коса

Разумните Јарци секогаш до крај ќе го истуркаат тоа што го наумиле. Дициплината е карактеристична за овој знак, па и косата треба да биде дисциплинирана. Одлично им прилега долга, негувана коса. Жената Јарец има трпение да оди на фризер и да го негува секое влакно. Долгата коса ова лето скратете ја во степени и така ќе добиете волумен, а и ќе ја истакнете дека е негувана.

kosa 6

Водолија – што било, важно да е авангардно

Оригиналните и неконвенционални Водолии секогаш чекорат низ животот во свој сопствен ритам. Таква им е и косата. Тие не се грижат што некој ќе каже или помисли. Необичноста на Водолијата често се гледа преку фризурата. Најдобро носи асиметрични фризури, па ако сеуште немате таква на главата, време е да пробате.

kosa 3

Риба – романтична плетенка

Шармантни и чувствителни на Рибите најдобро им стои романтична фризура. А има ли нешто поромантично од долга плетенка? Може да биде сплетена и странично, може да е лежерна или пак замотана во пунџа. Со неа вашата романтична природа ќе биде нагласена.

x

Check Also

Неделен хороскоп (1ви до 7ми јуни): Топ знаци на неделата – Бик, Вага и Шкорпија

Оваа недела, во знакот на Стрелец, ќе заблеска прекрасна полна месечина, подготвена ...