Фотосесијата е направена од нејзиниот сопруг, познатиот фотограф Бени Хорн, додека Џулија позира во домашна атмосфера во лесни, летни шик комбинации. Од ленени макси фустани со едноставен дизајн, до мини фустанчиња со тропски принт, и блузички со дупчиња, а тука се и неизбежните костими за капење во светли нијанси. Проверете што ни носи омилената шпанска модна марка Манго за летната сезона.
