Летниот одмор на Вилијам и Кејт после пандемијата

Поради коронавирус, ограничувањата за патувања се чувствуваат и за британското кралско семејство. Кејт и Вилијам и нивните три деца одморот ќе го поминат во едно мирно англиско село.

Островот Мустик на Малите Антили, секогаш омилена дестинација на Кејт и Вилијам за годишен одмор, годинава ќе остане само сеќавање. Со своите прекрасни песочни плажи и беспрекорно чиста вода, островот е најпосакувана дестинација за sвездите и богаташите од целиот свет затоа што, овде, приватноста на летниот одмор е 100% загарантирана. Небото над Мустик е всушност зона во која не се дозволени летови,  а самото острово нуди максимална дискреција и доверливост на гостите во суперлуксузните хотели. На ово острово во 60-те години одела и кралицата Елизабета Втора.

Малиот Џорџ, неговиот седми роденден, кој паѓа на 22 јули, ќе го прослави на друга дестинација. Планот  на кралското семејство не вклучува морска дестинација оваа година. Како што објави магазинот „Хола!“, војводите од Кембриџ не планирале долго патување со авион, особено поради нивните три деца.

Така, Кејт и Вилијам со децата се одлучиле одморот да го поминат во едно мало мирно англиско село.

x

Check Also

Валентина Сампајо ја пишува историјата со Sports Illustrated

Валентина Сампајо од модната агенција Џој Менаџмент, која е првиот трансродов модел ...