На полиците низ книжарниците во САД веќе може да се купи продолжението од книгата „Ѓаволот носи Прада“. Книгата е достапна и на инетернет продавницата Амазон.
Американската писателка Лорен Вајсбергер го објави вториот дел од книгата „Ѓаволот носи Прада“ која пред 10 години беше бестселесер.
Летово книгата се очекува и на евопскиот пазар, а веќе се зборува и за филмско продолжение во кое повторно главните улоги би ги имале Мерил Стрип и Ен Хатавеј.
И во вториот дел на книгата Вајсбергер повторно раскажува како е да се работи со омразената директорка Миранда, во која многумина ја препознаа главната уредничка на Вог, Ана Винтур.