Летно освежување со стил: Уживајте во омилениот пијалок на Хемингвеј

Како да направите Мохито.

mojito 2

Мохитото е еден од најпопуларните летни коктели и омилен пијалок на Хемингвеј, па до денес се смета дека вистинскиот дом на овој коктел е ресторанот „Ла Бодегита дел Медио“ кој се наоѓа во Хавана, каде Ернест Хемингвеј бил чест гостин.

Еве го рецептот за подготовка на Мохито кое ќе ве разлади каде и да сте.

Потребно е: 60 милилитри бел рум. 2 зелени лимони (лимета). 2 ливчиња босилек. 5 ливчиња нане. 200 дл газирана вода. 2 лажички кафеав шеќер. 4 коцки мраз.

 

Подготовка: Во висока чаша ставете го белиот рум, потоа исцедете ги лимоните и додајте ги во румот. Се додаваат 2 ливчиња босилек и 5 ливчиња нане. Потоа се додава и мразот, а на крајот и газираната вода. Сосема на крај се додаваат двете лажички кафеав шеќер.

 

Уште еднаш добро измешајте и коктелот е подготвен.

 

x

Check Also

Златни можности со златна картичка на Халкбанк

Поседувањето и користењето кредитна картичка е огромна предност која со себе носи ...