ЛЕТО СО КОСТИМИТЕ ЗА КАПЕЊЕ НА САРА ФЕШН

Лето е кога се забавуваш, лето е кога љубиш.. a вистинското лето е кога си во СФ!

Пристигна новата колекција костими за капење на македонскиот бренд Сара Фешн кој повеќе од 20 години создава мода достапна за секого.

Колекцијата костими за капење е изработена од висококвалитетни материјали кои одговараат на сечија форма на тело, а дизајните ги предводат светските трендови кои внимателно се прилагодени на потребите на потрошувачите на Сара Фешн со цел тие да го добијат најдоброто за себе.

Едноделни, дводелни, регулар или плус сајз, секоја девојка и жена може да го одбере својот модел кој најмногу и прилега. Оваа годнина СФ трендовите предложуваат игриви тропски детали и раскошни бои, софистицирани анимал принтови, вонвременски земјени тонови и неонски бои за впечатлив изглед. Кога овој изглед ќе се дополни со летните модни додатоци од Сара Фешн како што се плетените торби, раскошните шешири, лелавите наметки и впечатливите, а удобни обувки за на плажа, тогаш сте подготвени за комплето уживање ова лето.

Колекцијата за жени, ја прати линијата на машки шорцеви и слип костими за капење во модерни дизајни, а детските костими за капење ќе ги израдуваат и најмалите СФ фраери и фраерки.

Оваа камапања е тотално македонски производ за кои тие се особено горди. Можевме да погледнеме дел од атмосферата во Скопје и Охрид додека се подготвуваше овој проект, а деталите ни ги открија од тимот:

– Летаната кампања во Сара Фешн е онаа на која сите и се радуваме. Сонце. Плажа. Костими за капење. Добра забава. Убави мигови. Тоа е СФ лето кое сите го чекаме. Среќни сме што овој пат создадовме комплетно македонски производ каде што Сара Фешн со своите поддржувачи ја креаираа новата кампања за лето 2020. Особена благодарност до македонските компании кои со своите производи и услуги направија оваа реазлиација да биде потполно совршена, а тоа се нашите пријатели, секои успешни во својата област, оптиката Диоптра, накитот Lovecats, Центарот за обуки и курсеви Кариера Плус, моделите и сите соработници на овој проект.

Според маркетинг истражување спроведено на почетокот од оваа година на територија на Македонија, резултатите покажаа дека 87,2% проценти од купувачите на костими за капење се корисници на брендот Сара Фешн, со што овој бренд го зазема првото место. Тоа се должи на големо вложување во работата, посветеност и внимателност во изработката на костимите за капење и поставувањето на трендови кои ги задоволуваат потребите на купувачите.

Колекцијата ве очекува во сите продажни места на Сара Фешн и онлајн на Фејсбук или Инстаграм, а вие во вашите омилени костими за капење, опуштете се под сонцето, бидејќи лето е кога си во СФ!

 

Фејсбук – https://www.facebook.com/SaraFashionOfficial/

Инстаграм  – https://www.instagram.com/sarafashionofficial/

x

Check Also

Поглед на летната колекција на MASSIMO DUTTI

Топ моделот Грејс Елизабет е главно лице во новиот тренд водич на ...