Преубаво, удобно и необично сместување, по прифатлива цена најдовме на сревисот Airbnb. Оваа куќа за изнајмување во текот на годишните одмори се наоѓа во Мексико, покрај самото море, а цената за изнајмување е 270 евра за целата куќа која може да смести 4-5 лица. Па така, може да преноќите во оваа куќа за околу 67 евра по човек.
Куќата е наречена „Seashell” (Casa Caracol) што во превод значи морска школка. И навистина така изгледа. Освен неверојатната архитектура, куќата располага и со базен за дополнително уживање и разладување.
Поради прифатливата цена, одличната поставеност и дизајнот на школка што ја направи светски позната, оваа дестинација е омилена за многу туристи. А судејќи според коментарите на оние кои ја посетиле навистина станува збор за летување од соништата.