Levi’s го прослави првиот роденден во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Легендарниот бренд Levi’s живее со Скопје и прослави 1 година. 

Во саботата ( 21.09.2019), скопјани беа дел од еден поинаков настан организиран во продавницата Levi’s во Скопје Сити мол.

Сите заедно уживаа во урбаната атмосфера, одлична храна, тематски пијалок и евергрин парчињата со долгогодишна традиција.

За сите купувачи и посетители беа организирани  подарок – изненадувања по личен избор, на самото место да си направат „custom“ маичка со дизајн поврзан со градот Скопје.

Покрај прославата, на првиот роденден присутните гости можеа да ја погледнат и новата есенска колекција од брендот Levi’s.

x

Check Also

Модна забава за девојченца – Pop Pop Hair Surprise, нов поп тренд меѓу играчките

Влезете во фантастичниотт свет на Pop Pop Hair Surprise. Оставете ги вашите ...