Фармерките Левис слават 140 години!

Пред 140 години се родени фармерките кои во последниот половина век го преплавија светот и станаа урбана униформа на сите сталежи.

levis 0

На крајот на мај 1873 година, производителот на облека Леви Штраус и кројачот Џејкоб Дејвис започнаа со производство на марката Левис, фармерки познати како „блу џинс“, кои ги лиценцираа во САД.

levis 1

Некои сепак, (и денес) сметаат дека најстар претходник на џинсот е дебелата индиска ткаенина од 16. век која се произведувала во Бомбај, а други пак, дека фармерките за прв пат се произведени во Џенова во средината на 17. век, дизајнирани за припадниците на морнарицата на која и’ биле потребни одела за сите временски услови.

Во поранешна Југославија „Левис“ фармерките влегoa преку Италија, а на многумина не им претставуваше никаква мака и со воз да отпатуваат до Трст за пар фармерки.

levis 2Во 1983 година фирмата „Вартекс“ потпиша договор со компанијата „Леви Штраус“ од Сан Франциско, а веќе во 1984 година почнаа со производство на славните фармерки, од кои легендарни останаа  „501“.

levis 3

До денес, „Левис“ фармерките не излегуваат од мода и присутни се во секој гардеробер, најмалку по еден примерок.

М.М

x

Check Also

Скопје Сити Мол стартува со Black Friday Week

Black Friday во Skopje City Mall не е само еден ден. Ниту ...