Лежарна и шик, поглед на пролетната тексас колекција од ZARA

Тексасот никогаш не излегува од мода, а за пролет-лето 2021 година, Зара ни открива нови сини стилови совршени за сите „кежуал“ излегувања.

Водечко лице на кампањата е моделката Ања Рубик која позира во шик-сини фармерки на шпанската модна марка.

Освен овие ѕвезди, тука се „мама“ фармерките инспирирани од 90-тите, како и асиметричните фустани и кошули во предимензионирани димензии. Сите модни парчиња од колекцијаат гарантираат удобност и опуштеност.

„Искинатите“ фармерки, Зара ги враќа на голема врата, кои се комбинираат со секси блузички, бејзбол капачиња и бели маици. Од обувки, дизајнерите препорачуваат патики со лежерно врзување.

Погледнете дел од колекцијата.

x

Check Also

Новата колекција на ZARA нè подготви за лето 2021

Сонувате за летото и плажите? Модната марка Zara веќе не однесе таму, ...