Лежерни, разнобојни и космополитски: Женска линија на Springfield пролет 2015

Springfield ги претставува новите пролетни колекции.

Брендот и оваа сезона предлага едноствавна и убава облека како дел од својата носечка филозофија.

Son za sloboda (1)

Сон за слобода

Сон за слобода е линија инспирирана од боите на американското знаме: црвена, бела и сина. Комбинациите претставени во оваа колекција пренесуваат лежерено чувство и возбудлив микс од риги, ѕвезди и цветови кои ѝ даваат женствен пристап на темата.

 Sini cvetovi

S Son za sloboda (2)

Сини цветови

Сини цветови е веројатно најженствената линија во колекцијата оваа сезона. Палетата на нежни тонови како сина, розова и екру ја носи енергијата и светлината на сончевите зраци од раната пролет во комбинација со џинс и цветни принтови. Бомбер јакните и блузите со бандана принт се носечки парчиња во колекцијата.

S Sini cvetovi1

 

Ботаника

Совршена колекција за млади и романтични девојки. Колекција која ја пречекува пролетта со патување до ботаничките градини исполнети со слатки мириси. Цветните принтови се аплицирани на водечките парчиња како парка јакните, комбинезоните, фустаните и едноставните маици.

S Botanika (2)

S Botanika (1)

Ајде да отпловиме

Морнарска атмосфера пренесена во урбана средина. Жолтата боја во форма на линии, сидра и сончогледи е поставена наспроти темно сината позадина, а спортските обувки се неизбежни во секоја комбинација.

S Ajde da otplovime (1)

S Ajde da otplovime

 

 

 

x

Check Also

Катарина Јовановска ја освои тутулата најфотогенична на изборот за убавина ЕВРОАЗИЈА 2021

Во Анталија, Турција се одржа изборот за Кралица на Евроазија 2021 (Queen ...