Лиам Хемсворт ја запозна својата девојка Габриела Брукс со родителите

Неколку месеци по разделбата од Мајли Сајрус, актерот на „Hunger Games“ беше фотографиран како ја претставува својата нова љубов,  манекенката Габриела Брукс, на родителите во Австралија. Тој, сега, веќе е луд за неа!

Минатиот декември, четири месеци по разделбата од Мајли Сајрус, која се случи по помалку од една година брак, Лиам Хемсворт веќе беше подготвен да започне нов живот.

29-годишниот актер на „Hunger Games“ е фотографиран додека ја претставува новата девојка на родителите. Сега, оваа врска е уште постабилна, со благослов на неговите родители, кои го ценат изборот на синот.

На фотографијата се гледа како манекенката топло ја прегрнува мајката на Лиам Хемсворт, Леони, и неговиот татко Крег, пред да одат заедно на ручек.

Според американските и австралиските таблоиди не е јасно дали актерот и манекенката, засега се само блиски пријатели или живеат заедно, но сигурно е дека, по несреќната врска со Мајли Сајрус, Хемсворт сака во љубовта да оди на сигурно.

View this post on Instagram

🌸

A post shared by Gabriella Brooks (@gabriella_brooks) on

x

Check Also

Меган Маркл критикувана од Холивуд за документарниот филм на Дизни: Непотребно помпезна, како патка во езерце…

Војвотката од Сасекс беше студено пречекана од филмските критичари: таа беше наречена ...