Лидија Костадиновска: Условите во модниот свет никако да мрднат на подобро!

„Сеуште пред да излезам на писта ја чувствувам истата возбуда како и на првата ревија пред повеќе од десет години“, вели манекенката Лидија Костадиновска.

lidija 1

Со макенството почнала да се занимава пред повеќе од десет години, сепак и денес пред да излезе на модната писта Лидија ја чувствува истата возбуда како и пред првата ревија во нејзината модна кариера.

lidija 2

„Бидејќи сите овие години условите во модниот свет никако да мрднат кон подобро, иако оваа професија ме исполнува и целосно се пронаоѓам во неа, на манекенството гледам како на хоби кое поврмено со задоволство го работам“, вели Лидија.

lidija 3

Според неа, еден модел треба да биде пред се професионален, одговорен и дисциплиниран, но и подложен на трансформации.

lidija 4

„Моделот треба да биде ненападен, а сепак самоуверен и моќен во својата појава и став за да ги наметне на публиката новите модни тенденции преку нивна успешна промоција“, додава Лидија Костадиновска.

lidija 5

Лидија дипломираше на Филолошкиот факултет на отсек преведување и толкување, па држи и часови по англиски јазик. Моментно е на постдипломските струдии по менаџмент на Економскиот факултет.

lidija 6

„Амбициозна личност сум, во иднина се гледам како успешна во повеќе области, бидејќи никогаш не сум можела да се сконцентрирам само на една“.

lidija 7

lidija 8

lidija 9

x

Check Also

Тајните ерогени зони на хороскопските знаци

Секој хороскопски знак има најмалку една или две скриени ерогени зони на ...