Лила Филиповска: на плажа со списанија и книга

„Со оглед на тоа дека сум Вага многу сум неодлучна околу тоа што да понесам на годишен одмор, па за да не ризикувам земам повеќе работи од предвиденото“, вели Лила.  

lila 1

Лила Филиповска на годишен одмор вообичаено заминува со еден голем куфер и се обидува внатре да стави се’ за да нема дополнителни торби особено ако патува со авион.

Во текот на годината посетува солариум, но вели дека не претерува како порано, па секогаш има добра подлога за плажа.

lila 2 „За среќа убаво и брзо поцрнувам без непријатни промени на кожата. За заштита од сонце секогаш користам проверени марки со висок заштитен фактор 30“, ни рече Лила.

Освен спрејот за сончање задолжително носи очила за сонце и шешир. Торбата за плажа е уште еден моден додаток без кој не може.

„Торбата за плажа мора да е голема за да собере се’, а во неа мора да има и списанија или некоја белетристика“.

x

Check Also

Скопје станува регионална трговска престолнина: СЕ ОТВОРА ИСТ ГЕЈТ МОЛ – НОВ ЦЕНТАР ЗА МОДА И ЗАБАВА

Скопје станува многу динамичен град со голем потенцијал за напредок и просперитет, ...