Лила ќе дизајнира линија на чанти

Откако доби на подарок чанта со принт од сопствениот лик, сексапилната водителка ќе влезе во нова модна авантура.

лила 1

„Чантата беше изненадување за мене кое ми го приредија мојот пријател и администратор на фан-страницата на Фејсбук новинарот Спасе Јовановски и дизајнерката на чанти Ана Шурдиловиќ која живее и работи во Ниш. Тие се договориле за ова изненадување кое многу ми се допадна“, ни рече Лила.

Но тука не завршува оваа модна приказна. Имено, креаторката има идеја да направи линија на чанти кои ќе бидат дизајнирани од Лила.

„Нормално, нема сите чанти да бидат со мојот лик, туку ќе внесам дел од мојата креативност во новата линија на чанти“, објаснува сексапилната водителка која додава дека не би сакала да зборува сепак ништо пред рака.

 

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...