Лила Стојановска: „Miss EN“ нуди третмани за убавина кои ги нема на ниедно друго место во Македонија

Популарната водителка Лила Стојановска често ја гледаме во салонот за убавина „Miss EN“, лоциран на улица „Петар Поп Арсов“ број 16. Не интересираше зашто од бројната понуда на салони за разубавување во градот го одбрала токму Miss EN и што овој салон го прави поразличен од другите, за да можеме и вам да ви го препорачаме.

„Од „Мис Ен“ ми понудија да бидам заштитно лице на салонот. Потпишавме договор на една година. Кога ми понудија таква соработка, ја прифатив без размислување, најнапред кога го видов салонот којшто е навистина уникатен и кој нуди третмани кои ги нема во ниеден друг салон, а и професионалниот однос на сопственичката Ена и на целиот персонал многу ми се допадна“, објаснува убавата водителка.

Ја прашавме Лила во кои третмани од овој салон најмногу ужива и кои третмани и нам би ни ги препорачала. Најпосле, и да биде попрецизна – во што е конкретно уникатноста на „Мис Ен“.

„Салонот е уникатен по многу нешта. Пред се, по одличната пријатна атмосфера, се е како под конец, хигиената е на највисоко ниво, а персоналот е љубезен и многу стручен. Мадеро терапијата беше за првпат промовирана токму тука, масажата со вулкански камења е феноменална, ги обожувам Oxy третманите за лице и секако, можноста кремите на Auriege да се достапни во секој момент, со оглед на тоа дека „Мис Ен“ се главни застапници за истите“, објаснува Лила.

Најпосле не заинтересира и обученоста на персоналот, па тоа беше следното прашање за водителката.

„Кога ќе ги видите сертификатите на сите вработени, без исклучок, ќе ви стане јасно за каков персонал се работи! Професионални, стручни, вредни и љубезни. А сопственичката Ена е пример за тоа како треба да изгледа и да се однесува еден сопственик на салон за убавина. Секогаш е средена, љубезна, професионална и коректна. И затоа овој салон само за шест месеци стана еден од најомилените и најпосакуваните салони за убавина во Скопје, а јас сум најчестата посетителка таму“, завршува Лила.

 

Повеќе информации за салонот за убавина „Мис Ен“ може да добиете – ТУКА. 

x

Check Also

Невидено ниски цени на Sport Vision Bazaar!  

  Спортската сала „Расадник“ е местото каде ќе може да ја посетите ...