Лиле Корубин: Модните следбеници знаат да изгледаат комично

Ја прашавме Лиле Корубин, дизајнер и уметник, на која модна манија таа не би подлегнала. Еве што ни одговори:

cevli

Секоја модна сезона модните дизајнери диктираат „маст хев“, модни додатоци. Дел од нив се крајно екстравагантни. Честопати модните следбеници излегаат комично и несоодветно стилизирани. Патиките и сандалите на повеќе сантиметри висока платформа не само што се нестабилни, туку треба да поседувате и жонглерски вештини за да можете „удобно“ да изгледате во нив.

adams femili

Никогаш не би подлегнала на модната манија фустан со принт како втора кожа или пак хеланки со принт на мускули. Долгите, вештачки „Адамс фемили“ нокти се употребуваат само за забава или настан од таков тип, но не и во секојдневниот живот. Се разбира, не на работното место, каде рацете се во преден план, на пример, во банка на шалтер.

Оваа сезона во тренд се бричената глава и премногу бои на косата. Сатенски тренерки, преголеми деколтеа, целосен „лепард аутфит“. „Стар трек“ фустани, како оној што го носеше Хали Бери на доделувањето на Оскарите, годинава. Не, благодарам.

hali beri

x

Check Also

Фешн Груп донираше на Институт за јавно здравје апарат што ќе прави тестови за Ковид-19 за 30 минути

Автоматизиран молекуларен RT-PCR апарат и тестови за детекција на корона вирусот, со ...