Лима ги покажа долгите нозе на отворањето на продавницата на Камуто

…И изгледа дека тоа беше најдобриот маркетинг за Винс Камуто.

lima 1

„Ангелот на Викторија сикрет Адријана Лима која неодмана наполни 32 години ги покажа своите долги нозе на отворањето на новата продавница во Њујорк на Винс Камуто“ – е денешната главна вест во странските модни медиуми.

lima 2

Оние посериозните (медиуми) веројатно повеќе ќе се занимаваат со новата колекција на Камуто, отколку со нозете на Адријана Лима, па ќе почекаме да не’ известат што навистина има во ново-отворената продавница.

lima 3

Инаку, пријателството на америкнскиот дизајнер на женски чевли и чанти Винс Камуто и славниот модел Лима не е од „вчера“, па таа е редовна гостинка и на сите негови ревии. И не само Лима, на настаните на Камуто доминираат убавите девојки и познатите модели. Најпосле да се потстетиме и дека самиот Винс е во брак со поранешниот топ модел Луиз Камуто која беше Мис на Шведска (1989) и Мис Универзум.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...