Лимон диета: Најбрз начин на слабеење за 7 дена

Диетата на база на лимон носи многу брзо губење на телесната тежина, па оттука е и причината за најчестиот избор на ваквиот диетен план за слабеење.

li 8

Храната која се конзумира во диетниот режим со лимон кој трае 7 до 14 дена е прилично ригорозна. Дозволено се пет мали оброци на ден со голем процент на протеини и целосно исклучување на јагленохидратите и шеќерот. Дозволени се зеленчукови супи, чисти месни супи, големо количество на зеленчук, варено или печено бело месо (до 300 грама на ден) и секаков вид на риба (до 300 грама на ден) секако не похувани. Јајцата се дозволени исто така, додека млечните производи не се.

li 88

Јаворовиот сируп е резервиран за смутите и пијалаците од лимон.

Диетата задолжитено вклучува 6 до 12 чаши цеден лимон на ден, односно смути. Смути-пијалоците се приготвуваат со додатоци од зеленчук (особено пасиран спанаќ и брокула), со краставица, ѓумбир, сок од домати или пак цеден лимон во минерална вода. Се додава лажичка јаворов сируп, по потреба во сокот. Доколку сокот од лимон се пие со жешка вода се вклучува и вештачки засладувач (но не и шеќер).

Исто како и лимонот и јаворовиот сируп е клучен во оваа диета бидејќи обезбедува енергија и некои витамини и минерали. Во случај на „напад на глад“ секогаш се препорачува да се испие смути од лимон.

li 80

Па, најсмели, пробајте. Резултатот на најбрзо губење на килограми е загарантиран. Ако пак лимон – диетата ви изгледа полесна од тоа што го претпоставувавте пред да ја почнете, слободно по потреба продолжете ја уште седум дена.

x

Check Also

Храна која предизвикува гасови и надуеност на стомакот

Подуеноста е нормална појава, дури 30% испитаници тврдат дека тоа им е ...