Лимонада со крастивица за потенок струк

Ако сакате да го намалите обемот околу струкот за некоку сантиметри, лимонадата со краставица е одличен избор.

Не само што е освежителна во топлите денови, лимонадата со краставица е добар сојузник во топењето на „перничињата“ и намалување на струкот. Конзумирајте ја секојдневно наместо вода, а резултатите ќе ги почувствувате веќе после првата недела.

Рецептот е многу едноставен. Во два литра вода натопете свежа краставица неизлупена, претходно добро измиена и исечкана на кругови. Потоа исцедете сок од 2 лимона и на крајот додадете 1 лажица ѓумбир и неколку ливчиња нане.

Лимонадата ставете ја во фрижидер да отстои преку ноќта. Количината е доволна за едно лице за еден ден. Може да додадете и неколку коцки мраз во чашата.

x

Check Also

Што знаете за третманот за подмладување карбокситерапија?

Карбокситерапијата е третман кој се користи за да се спротивставиме на знаците ...