Линдзи Лохан против Меган и Хари: Парот ја загрозува приватноста на ѕвездите

Американската глумица и поп пејачка Линдзи Лохан е против Хари и Меган Маркл кои се преселија во Лос Анџелес. Таа изјавила дека „не е задоволна од нивното присуство во Малибу“.

Причината за оваа изјава е што според глумицата популарниот пар ја загрозува приватноста.

– Тие насекаде ги привлекуваат папараците загрозувајќи ја приватноста на ѕвездите, објаснила Линдзи.

Истото мислење го дели и Шерон Озборн, сопруга на Ози Озборн.

Ваквите изјави на ѕвездите може да го притиснат парот да се пресели во Санта Барбара.

Во меѓувреме пак, принцот Хари, наводно, признал на група пријатели дека му недостасува „воениот живот“ и дека никогаш не помислил дека ќе му се сврти животот до толку наопаку. Значи ли тоа дека се кае?

Наводно принцот Хари се пожалил дека може „подобро да се заштити себеси ако остане во армијата“ и дека му недостасува „другарство со своите војници“.

Како што е познато Хари, со напуштањето на кралското семејство, мораше да си даде оставка од улогата на генерал на кралските маринци и почесен воздушен командант.

x

Check Also

Енио Мориконе напишал проштално писмо: „На мојата сопруга Марија најболно збогум“

„Не сакам да ве вознемирувам“. Во тивок стил кој што го карактеризираше ...