Липосукција без нож која ги решава масните наслаги на стомакот и колковите

Липосукцијата „со нож“, позната како инвазивна липосукција и липосукцијата без нож, неинвазивната липосукција, даваат исти резултати – тело какво што посакуваме, без масни наслаги на стомакот и колковите. Но, што е подобро?

Сите знаеме што е липосукција, тоа е инвазивен третман за отстранување на поткожни масни наслаги, оперативен метод после кој резултатите се веднаш видливи. Некои ја сметаат за полесен, а други, за потежок пат до поубава линија. Оние кои можат да си ја дозволат, на кои не им пречат болката и  непријатностите, и на кои тешко им е да се придржуваат до правила во исхраната, липосукцијата ќе им дојде како мелем на раната. Сепак, треба да се биде многу внимателен! Најпосле, цената на еден оперативен третман, на пример, липосукција на стомакот, многу варира и се движи од илјада до четири илјади евра. Прашањето е колку овој скап, инвазивен третман е безбеден. А, траен, секако, не е. Салото се враќа со лошите навики, па без адекватна ихрана, набргу ќе мора да одите повторно „под нож“.

Наспорти липосукцијата, липосукциската диета е здрава исхрана за слабеење и дава малку побавни резултати од самата липосукција, но тие резултати не се физички болни, а килограмите не се враќаат. Затоа, оваа исхрана се нарекува уште и неинвазивна липосукција или липосукција без нож.

Основа на оваа исхрана за слабеење е тврдењето на нутриционистот Кенан Мандра дека лошо се храниме и дека треба да се вратиме на вистинската храна, а да ја оставиме онаа, спакуваната во ќеси, фолии и кутии. Тој смета дека голем број на диети кои промовираат здраво слабеење, се базираат на потполно погрешни принципи и постои погрешно убедување дека за губење на килограми треба да јадеме само житарки, салата и овошје. Таквите диети не ни даваат доволно енергија, па се чувствуваме гладни и желни за храна, имаме потреба за шеќери, а потоа посегнуваме за погрешна храна која е всушност, причина за формирање на масни наслаги.

Кога сте на липосукциска исхрана, не се живее на салати и житарки туку се јаде вистинска храна – месо, риба, јајца, млаечни производи, свежо овошје и зеленчук. Мастите не се избегнуваат зашто тие играат важна улога во нашиот организам, но се одбираат вистинските.

Липосукциската исхрана не се базира само на храна, туку и на додатоци во исхраната, односно суплемети кои се протеински напивки направени на база на сурутка. На овој начин се одржува ситоста, силата на мускулите и се зајакнува имунитетот.

Липосукциската диета има повеќе третмани кои траат во различен временски период, а кој третман вам ќе ви биде потребен зависи од тоа колку вишок на килограми имате и колку од тоа се масти, вода и мускулна маса. Многу е важно да му се обезбеди на телото вистински извор на енергија, а тоа во липосукциската диета, се прави преку препаратите „Липо алфа“ и „Липо бета“.

Доколку самоволно ги отфрлите јагленохидратите од исхраната, а не му обезбедите на телото доволно протеини, масните наслаги ќе ги губите заедно со мускулната маса, а со самото тоа ќе загубите и добар дел од вашето здравје. Затоа, треба да се придржувате на добриот план на исхрана прилагоден само за вас! Односно, пред да ја поченете липосукциската диета, потребно е да се посоветувате со стучњак кој, во директна консултација со вас, ќе го одреди вистинскиот третман за вас.

Советувалишта и центри за липосукција има и во Скопје, Загреб, Љубљана, Букурешт, Белград, Софија, Москва… Центарот на „Интернешнл хелт“ во Скопје дава бесплатни совети на телефоните 02 3231223, 070 535033 под раководство на д-р Валентина Крстевска.

x

Check Also

Забарите откриваат: како да ја намалите штетата на вашите заби предизвикана од пушењето?

Убавата насмевка е најчесто првото нешто кое го забележуваме кај некоја личност. ...