Липосукциска диета: За само две недели се губат 7 до 10 отсто од почетната телесна тежина!

Сигурно сте слушнале дека многумина ослабнале со помош на липосукциската исхрана, па можеби, се прашувате како им успеа. Јасно е дека класичните диети не даваат такви резултати.

-Ние направивме повеќе од диета. Ги споивме признатите европски препораки, медитеранската исхрана и одобрени помошни средства за слабеење. Резултатот е диетотерапија, која на здрав, брз и ефикасен начин, дава трајни резултати. За само две недели се губат 7 до 10 отсто од почетната телесна тежина, со значајно намалување на обемот во критичните зони. Затоа, липосукциската исхрана е повеќе од диета, објаснува нутриционистот Кенан Мандра, творецот на липосукциската исхрана.

Поимот „липосукциска исхрана“ подразбира протокол за слабеење и правилна исхрана за одржување на телесната тежина. Протоколот за слабеење вклучува и додатоци во исхраната кои придонесуваат за контрола на телесната тежина и го намалуваат чувството на глад. Диетотерапискиот третман за слабеење функционира на принципот на метаболичко претворање на мастите во енергија. Односно, им овозможува на лицата кои имаат проблеми со прекумерна акумулација на масно ткиво, да го „натераат“ телото, преку активација на метаболизмот на мастите, да се храни со сопствените масни резерви.

За тоа како изгледа дневната исхрана на личноста која преминува на липосукциска диета, се консултираме со доктор Валентина Крстеска.

Во првата фаза од 14 дена протеините и аминокиселините се користат во комбинација со еден оброк од месо или риба со зеленчук. Протеините се раствораат во вода и се пијат на растојание од четири часа, три пати во текот на денот. Тие имаат млечен вкус, слатки се по вкус со што се дестимулираат центрите во мозокот кои ја будат желбата за слатко. Аминокиселините се во капсули и со секоја ќесичка се земаат по две капсули. Централен оброк е вечерата во термин од 18 до 20 часот. Во другата фаза која трае, исто така, 14 дена, се вклучува дополнително млеко и млечни производи, јајца, овошје, јаткасти плодови. Клучот е во тоа внесот на јагленихидрати и протеини да се ограничи, додека енергетскиот дефицит да се компензира со оптимална количина на заситени масти од животинско потекло, објаснува доктор Крстеска, консултант и раководител на Центарот за липосукциска исхрана во Скопје.

Протоколот на липосукциска исхрана е сосема сигурен за здравјето. Во текот на третманот не се чувствува глад, нема пад на шеќерот и на енергијата, се чувствуваме одлично, а килограмите се губат брзо со што сме дополнително мотивирани да продолжиме понатаму. Првите резултати се видливи веќе по 72 часа.

Закажете и вие бесплатен совет и консултација во „Липо диет центарот (на улица Димитрие Чуповски број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.

x

Check Also

2.000 тркачи на бул. Илинден како дел од Skopje Run 10K

Ивановски и Поп Арсова срушија 2 државни рекорди на Skopje Run 10K ...