Листа на желби: Бел фустан со дупчиња од MANGO

Уште едно хит модно парче од шпанската модна марка MANGO ни го привлече вниманието.

Белите фустанчиња се најомиленото парче од гардероберот за потоплите денови, зашто се едноставни за носење и лесни за комбинирање, а во нив секогаш изгледаме свежо. Освен што се практични, изгледаат романтично без разлика на модните додатоци и обувки со кои ги носиме.

Таков романтичен бел фустан со дупчиња најдовме во пролетната колекција на Mango. Дизајнот е уште поинтересен со панделката која се врзува на грбот.

Во овие пролетни денови овој бел фустан со миди должина го носиме со предимензионирана тексас јакна и со патики, додека за вечерен изглед го комбинираме со предимензионирани обетки и впечатливи сандали на висока потпетица.

x

Check Also

Ексклузивните производи на Fashion Group поблиску до вас – отсега и преку мобилна апликација

Светските брендови Desigual, Diesel, Geox, Guess, Inuikii, Levi’s, Mango, Parfois, Premiata, Replay, ...