На нашата шопинг листа на желби се најдоа два модела на кожени јакни во црна боја, од пролетната колекција на модната марка Манго.
Првиот модел, кој многу ни се допаѓа, е со кратка должина, украсен е со патенти и одлично „стои“ со фармерки и тесни панталони.
Краткиот модел од овча кожа пак, е поелегантен, па освен во „кежуал“ прилики, лесно го комбинираме и со фустанчиња.
Модната комбинација со кожена Манго јакна, дополнително ја зачинуваме со фенси моден додаток, како на пример, жолта чантичка со трендовски дизајн и змијски принт.
Кожените јакни се достапни во продажба во Манго, или на официјалната онлајн страница на Фешн Груп – ТУКА.