Од есенската колекција на шпанската модна марка ZARA ги издвојуваме чевличките со панделка совршени за секоја посвечена пригода.
Со потептица висока 6 сантиметри, со доминантна панделка и трендовски „шпицест“ врв, лакираните салонки од Зара ги ставаме високо на нашата шопинг листа.
За оние кои сакаат помала потпетица – тука се црните високи чизми со панделка кои ги носиме во различни модни комбинации, а особено се погодни за работна атмосфера.