Класиката како што се елегантните црни сандали никогаш не излегува од мода. Во пролетната колекција на Зара најдовме токму таков чифт.
Салонките дизајнирани од проѕирна ткаенина во црна боја, имаат отворена пета. Високите и тенки потпетиги ги прават идеални за секоја свечена пригода и вечерни излегувања.
Нежното ремче и врвките им додаваат дополнителен шарм.
Први се на нашата шопинг листа за пролет 2019.