Листа на желби: Капут со хит-принт од MANGO

Несомнено, хит принтот на сезоната пролет/лето е таканаречениот „крава“ принт кој го прославија војвотката од Сасекс (со чевлите кои ги носеше), Викторија Бекам (со пролетната колекција која ја најави), Дуа Липа (со чизмите со кои позираше на Инстаграм) и многу други познати лица.

Модни парчиња со суперпопуларниот „крава“ принт наоѓаме во колекциите на луксузните модни марки, а на наше задоволство, вакви модерни парчиња по супер цена ќе можеме да ги најдеме во Манго.

На врвот на нашата листа на желби за меѓусезоната (а секако и за пролетта), го ставаме капутот со „крава“ принт од Манго. Како го носиме? Го комбинираме со ролка, мини сукњичка со истиот принт и трендовки „каубој“ чизми. И добиваме супершик изглед (инспирирајте се од Манго фотографијата).

 

x

Check Also

Топ моделот Џоан Смолс во модна комбинација од MANGO

Една од најплатените модели на денешницата (8-ма најплатена на листата од 2018 ...