Листа на желби: Карирани чевли од BERSHKA за есен 2018

Карираните материјали и принтови остануваат актуелни и оваа есен.

BERSHKA во есенската колекција ни нуди неколку модели на карирани чевли. Четирите различни модели се и за различни пригоди, а и за луѓе со различни стилови.

Први на нашата листа на желби ги забележуваме карираните салонки со висока потпетица во пријатни нијанси – зелена и сина комбинација. Со задоволство ги носиме и на работното место.

Вредни за внимание се и другите три модели – карираните балетанки, патики со висока платформа и чизмички со висина до глуждовите.

На секоја модна комбинација, несомнено, ќе внесат шарм.

x

Check Also

Топ 5 трендовски есенски фустани со „анимал“ принт од STRADIVARIUS

Веќе е јасно, дури и за оние кои не ги следат модните ...