Листа на желби: Најпосакуваниот „парти“ фустан од Зара

Зара повторно има хит модно парче. Станува збор за фустанот дизајниран за забави и свечености, а особено е прикладен за новогодишните празници.

Во металик нијанса, со светки, овој фустан од Зара е најбараното модно парче од зимската колекција. Провокативен и елегантен, со него секако ќе бидете во центарот на вниманието каде и да се појавите. Се запетлува странично и има „поткренати“ раменици.

Го ставаме на врвот на нашата листа на шопинг желби.

x

Check Also

Ексклузивните производи на Fashion Group поблиску до вас – отсега и преку мобилна апликација

Светските брендови Desigual, Diesel, Geox, Guess, Inuikii, Levi’s, Mango, Parfois, Premiata, Replay, ...