Најк ја најави новата колекција на очила за сонце „Вижн“ за пролет 2015 година, наменета за мажи, жени и деца, а истовремено ја претстави и актуелната, зимска колекција СБ за мажи и жени.
Интересни рамки и некласични силни бои – новата колекција на очила за сонце Најк е поинаква од досега видените.
И покрај новитетите во дизајнот, квалитетната изработка останува во преден план.
Со оглед на тоа што сме „за“ активниот, спортски живот во текот на студените денови, ги додаваме овие очила за сонце на нашата листа на желби.