Кој рече дека „по дома“ треба да се влечкаме во стар џемпер или уништена маичка?
За шик- релаксиран изглед на листата на желби ги додаваме свилените пижами Долче и Габана.
Станува збор за исклучителна колекција инспирирана од минатото кога џентлмените се грижеа не само за тоа како ќе бидат облечени дома туку и како ќе отидат на спиење.
Со весел принт на свилата пижамиве ветуваат слатки соништа.