Листа на желби – Плисираниот миди фустан со квадратчиња од Massimo Dutti

Додека точкастиот принт останува модерен и во есенските денови, модната марка Масимо Дути оди чекор понапред и ни носи фустан со квадратчиња.

Фустанот со миди должина кој на белата, плисирана основа има црн принт со квадратчиња веќе ги освои срцата на следбеничките на модните трендови и стана хот на Инстаграм. Кројот го нагласува струкот, плисот – женственоста, но тука е и кружниот изрез и ракавите со 3/4 должина кои му додаваат шарм.

Одлично може да се комбинира за првите есенски денови со сандали со висока потпетица, но супер „стои“ и со рамни чизмички.

x

Check Also

Што велите за новите патики „ПУМА“? Супер се, ќе ви ги покаже Кара Делевињ

Супермоделот Кара Делевињ е главно лице во новата кампања на Пума за ...